УЕФА подготвува револуција: Ќе се укинуваат продолженијата од двапати по 15 минути?

Европската фудбалска куќа, УЕФА, размислува за вистинска револуција и укинување на едно од правилата за европските фудбалски купови. Се работи за продолженијата од двапати по 15 минути кои се играат во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига.

Од Нион сакаат да ги укинат овие продолженија и доколку победникот не може да биде одлучен во регуларните 90 минути, да се премине директно кон шутирање на пенали. Сепак, ова правило не може да биде укинато пред 2027 година, а дотогаш ќе се разгледуваат сите предности, но и негативни ефекти.

Ова беше едно од барањата на клубовите и фудбалерите поради зголемениот број натпревари на клупски и на репрезентативен план, но и воведувањето на новото Светско клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести