УЕФА покрена дисциплинска постапка против Англичаните

Комисијата за контрола, етика и дисциплина при Европската фудбалска федерација (УЕФА) поведе постапка против Фудбалската асоцијација на Англија за случувањата на полуфиналниот натпревар од ЕП против Данска. Англичаните ја совладаа Данска на „Вембли“ во полуфиналето на Европското првенство со 2-1, а на овој натпревар навивачите на домашниот тим не покажаа почит кон ривалот.

Дел од англиските фанови најпрвин ја исвиркаа данската химна, а потоа при клучниот пенал во продолженијата, му светеа во лице со ласери на данскиот голман Каспер Шмајхел.

Освен тоа, навивачите на Англија палеле пиротехнички средства, па ФА ќе добие казна и за тоа.

- Оглас -

Најнови вести