29.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

УЕФА покрена дисциплинска постапка – ПСЖ скапо ќе плати поради дивеењето на газдата

Европската куќа на фудбалот соопшти дека покренала дисциплинска постапка против газдата на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, спортскиот директор Леонардо, како и самиот фудбалски клуб.

Целата драма којашто се случувала по последниот судиски свиреж, каде што во главна улога биле Ал-Келаифи и Леонардо, е документирана и пратена до УЕФА.

Како што е добро познато, двајцата раководни луѓе се заканувале на судиите поради лошите одлуки, односно недосудениот фаул над Донарума, по кој падна првиот гол на Реал Мадрид.

„Секој доказ што е испратен, ќе биде внимателно прегледан“, стои во соопштението од УЕФА.

Според законикот на УЕФА, Леонардо и Ал-Келаифи може да добијат доживотна суспензија од фуддбалот, иако тоа е малку веројатно дека ќе се случи.

Додека, пак, самиот клуб би можело неколку натпревари во европските натпреварувања да игра без публика, а ќе треба да плати и голема казна.

- Оглас -

Најнови вести