УЕФА покрена истрага против ПСЖ, спорни се три трансфера

Европската куќа на фудбалот, УЕФА, покрена постапка против ПСЖ за можно кршење на финанскиот ферплеј. Под истрага се три трансфера на ПСЖ од ова лето, и тоа трите во катарски клубови.

Марко Верати беше продаден на Ал-Араби за 45 милиони евра, а во истиот клуб се пресели и Абу Дијало за 15 милиони евра, додека Јулијан Дракслер се пресели во Ал-Ахли за 9 милиони евра.

УЕФА се сомнева дека трансферите се реални и со оглед на тоа дека ПСЖ има катарски сопственици, можно е трансферите да се направени само за да влезат свежи пари во клубот за да се задоволат критериумите за финански ферплеј. Доколу истражителите успеат да го докажат ова, тогаш овие 69 милиони евра ќе бидат замрзнати и нема да влезат во пресметката за финансиски ферплеј за оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести