УЕФА потврди дека вечерва еден меч од Лигата на нации нема да се игра!

Репрезентацијата на Норвешка, доцна синоќа не доби дозвола да полета од Осло кон Букурешт, па дуелот кој вечерва требаше беше закажан во рамките од Лигата на нации, нема да се одигра. Локалното министерство за здравство во Осло потврди дека има еден позитивен случај на корона-вирус, па затоа стигна забраната.

Од фудбалската федерација на Норвешка сметаа дека може да отпатуваат за Романија, но владата на рече „стоп“.

„Не се сложуваме со оваа одлука на владата, но мораме да ја почитуваме“, рече претседателот на фудбалската федерација на Норвешка, Терје Свендсон.

Десниот бек на Галатасарај, Омар Елабделауи беше фудбалерот кој се покажа како позитивен на последното тестирање пред тргнувањето за Романија, но сега тој меч нема да се одигра. Според распоредот на УЕФА, Норвешка веќе в среда треба да игра и против Австрија, во последното коло од групата, но засега не постои сигурност дали и тој натпревар ќе се игра.

Според правилата на УЕФА, фактот дека Норвешка не отпатувала во Романија поради само еден позитивен случај, ќе значи и службена победа на домаќините. Доколку не се игра и средбата против Австрија, и тогаш Норвешка ќе загуби службенo.

По четири одиграни кола, Норвешка и Австрија имаат по девет бодови и се во трка за првото место кое води во А сегментот од Лигата на нации.

- Оглас -

Најнови вести