УЕФА го потврди она што веќе беше најавено изминативе денови – Дуелот меѓу Лајпциг и Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите кој е закажан за 16 февруари ќе се одигра на неутрелен терен во Будимпешта, на „Пушкаш арената“.
Оваа одлука доаѓа како решение што Црвените Бикови не можеа да го пречекаат англискиот шампион на свој терен бидејќи Германија до 17 февруари стави забрана за влез на патници во државата кои доаѓаат од Велика Британија.
Саатницата остануа иста за првиот осминафинален меч, Лајпциг и Ливерпул ќе ги одмерат силите за девет дена во точно 21 часот. Возвратниот дуел на „Енфилд“ е планиран за 10 март.