12.8 C
Skopje
вторник, 16 септември 2025

УЕФА потврди: Мечот Србија – Албанија ќе се игра во Лесковац

УЕФА одлучи квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Албанија да се игра во Лесковац.

Првично беше предвидено средбата да се одигра во Белград, но по немирите на трибините за време на мечот со Англија, Фудбалскиот сојуз на Србија побара промена на локацијата.


УЕФА ја прифати иницијативата и потврди дека натпреварот ќе се одигра на стадионот на ФК Дубочица.

По поразот од Англија, Србија мора со победа против Албанија да остане во трка за бараж и пласман на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести