Европската фудбалска организација (УЕФА) официјално отвори дисциплинска постапка против тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по инцидентот со навивачи на Ливерпул на „Енфилд“ минатата недела. По погодокот на Вирџил ван Дајк, аргентинскиот стратег двапати се обиде да се доближи до трибините за да се пресмета со еден конкретен навивач, кој според него го навредувал во текот на целата средба.
Видеа на социјалните мрежи покажуваат дека и член на стручниот штаб на Атлетико се обидел да навреди навивачи на Црвените.
Симеоне доби црвен картон поради инцидентот.
Според извори на „Атлетик“, УЕФА исто така покренала постапка и против Ливерпул поради фрлени предмети на теренот од страна на навивачите.
Симеоне ќе отслужи најмалку еден натпревар суспензија заради црвениот картон, но се уште не е јасно дали УЕФА ќе ја зголеми казната за повеќе средби.
Следниот натпревар на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите е против Ајнтрахт Франкфурт, по што мадриѓани ќе гостуваат кај Арсенал.