Во пресрет на големото финале на Европското првенство голема борба се очекува да се води и за Златната копачка за најдобар стрелец на шампионатот. Дури шест фудбалери имаат по три гола, а само двајца од нив ќе играат во финалето – Дани Олмо од Шпанија и Хари Кејн од Англија.
До сега правилото гласеше дека во случај на ист број на постигнати голови за златната копачка одлучуваат поголемиот број на асистенции, а како трет критериум е помалиот број на одиграни минути.
Сепак, УЕФА пред самото финале одлучи да го промени ова правило и асистенциите и минутите да не се гледаат при ист број на голови, туку трофејот да го поделат сите фудбалери кои имаат најголем број на погодоци. Тоа значи дека утре може да добиеме дури шест златни копачки на ова првенство, нешто што не се случило никогаш од првото Европско првенство кое е организирано во 1960-тата па се до денес.