12.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

УЕФА привремено го суспендира Престијани за реваншот во Мадрид

Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи привремено да го суспендира фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани, и тој нема да може да игра на реваншот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Наводните расистички навреди кон Винисиус на првиот меч во Лисабон сè уште се разгледуваат, па УЕФА сака да спречи нови инциденти и превентивно донесе одлука за суспензија на Аргентинецот.

Доколку на крајот се утврди дека Престијани е виновен, тогаш го очекува суспензија до десет натпревари.

- Оглас -

Најнови вести