УЕФА призна дека имало голема грешка на ЕП 2024: Германија требало да добие пенал против Шпанија!

Судиската комисија при Европската фудбалска федерација (УЕФА) призна дека имало голема грешка на дуелот меѓу Германија и Шпанија во четвртфиналето на Евро 2024. На овој меч Шпанија победи со 2:1, и тоа по 120 минути игра, а подоцна Црвената фурија стана и европски првак.

Сепак, Германците сметаа дека се драстично оштетени во четвртфиналето откако во продолжението судијата Ентони Тејлор реши да не досуди пенал во корист на Панцерите, кога по шутот на Мусијала, топката удри во раката на Кукуреља.

Топката одеше кон голот, а судијата Тејлор решително покажа дека нема услови за пенал, а англскиот арбитер воопшто не ни сакаше да ја гледа повторената снимка. Овој спорен момент се случи само неколку минути пред Шпанија да го даде победничкиот гол за 2:1.

Сега, неколку месеци по завршување на ЕП 2024, Судиската комисија на УЕФА реши дека требало да има пенал за Германија во дуелот против Шпанија. Доколку тоа се случеше и имаше пенал за Германија при резултат 1:1, конечниот резултат можеше да биде многу поразличен, сега сето тоа е само историја.

Пред ЕП 2024, Роберто Розети, кој е во улога на претседател на судиите при УЕФА, презентираше примери на шут кон голот и раката блиску до страна објаснувајќи дека тоа не треба да се смета за ракомет.

Сепак, во извештајот на Комитетот на судии се вели дека не се смета дека раката на Кукурела е доволно блиску до неговото тело. Во него беше наведено дека „контактот од рака на топка што го запира ударот кон голот треба да се казнува построго, а во повеќето случаи треба да се досуди пенал, освен ако раката на одбранбениот играч не е многу блиску до телото или на телото. Во овој случај, одбранбениот играч го запира ударот кон голот со раката, која не е многу блиску до телото, со што се зголемува, па требаше да се досуди удар од белата точка“, стои во новото објаснување од судиската комисија при УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести