14.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

УЕФА се откажува од идејата за ЕП со 32 репрезентации

Европската куќа на фудбалот најверојатно ќе се откаже од идејата за тоа од ЕП 2028 да гледаме 32 наместо досегашните 24 репрезентации, а со тоа би се промениле и квалифкациите.

Сепак, намерата на УЕФА да се зголеми бројот на селекции на континенталниот шампионат останува, а треба да се види колкав ќе биде бројот.

„УЕФА имаше состанок со броадкастерите и практично ако 32 селекции одат на ЕП, тогаш секоја група би била однапред позната во квалификациите и нема да има интересен натпревар“, стои во дел од текстот на британските медиуми.

Конечната одлука за тоа колку селекции ќе гледаме на ЕП 2028, кое што ќе се одржи во Англија, ќе биде донесена во ноември.

- Оглас -

Најнови вести