УЕФА се пишмани, ја промени одлуката која се однесуваше за руските фудбалери

Европската фудбалска федераcија (УЕФА) се откажа од идејата да им дозволи на младите руски фудбалери до 17 години да се вратат на меѓународните натпреварувања, објави Би-би-си.

УЕФА пред две недели објави дека ќе им дозволи на младите руски репрезентации и клубови да учествуваат на меѓународни натпреварувања.

УЕФА тогаш соопшти дека децата не треба да се казнуваат поради постапките на возрасните мислејќи на руската воена инвазија врз Украина.

Но, нејзината одлука наиде на голема осуда кај европските федерации кои се заканија дека ќе ги бојкотираат натпреварувањата на кои ќе учествуваат руските екипи и поради тоа УЕФА одлучи да се откаже од идејата да ги врати Русите на натпреварувањата.

- Оглас -

Најнови вести