УЕФА се понудила да му помогне на Јувентус, но има еден голем услов!

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус, сезонава се соочува со големи проблеми. Старата дама беше казнета со одземање на 15 бодови, па тимот речиси остана без шанси за пласман во Лигата на шампиони за следната сезона.

Од Јувентус најавија дека ќе се жалат на таа казна, но во таква ситуација постои опција клубот да добие дополнителна казна и одземање на нови бодови. Според пишувњата на „Газета дело Спорт“, првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин се понудил да му помогне на Јувентус, но постои еден услов.

Од УЕФА бараат Јувентус комплетно да се откаже од идејата за формирање на Суперлига. Италијанскиот гигант е еден од лидерите на оваа идеја за нова лига и е заедно со Реал Мадрид и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести