34.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

УЕФА се уште го нема одредено домаќинот на ЕП 2028, но веќе има големи проблеми

Европското првенство следната година ќе се одржи во Германија, но наредното во 2028-мата година се уште нема свој домаќин. До УЕФА има доставено две кандидатури, онаа на Турција и заедничката на Велика Британија и Ирска која е голем фаворит да го организира европското во 2028-мата година.

Сепак, тоа би значело дека дури пет членки на УЕФА ќе бидат организатори и ќе имаат директен пласман, тоа се Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Ирска. Тоа носи и големи проблеми во квалификациите, бидејќи 50 репрезентации ќе се борат за 19 места на континенталниот собир.

Главните квалификации би се играле во 9 групи и по две најдобри би обезбедиле пласман на Европското првенство, а едното место кое останува би го пополнила најдобрата репрезентација од Лигата на нации. Сепак, УЕФА смета дека тоа ќе го ослабне ова натпреварување, па дури и ќе го уништи, бидејќи за да се добие репрезентацијата учесник ќе треба на поседен завршен турнир да учествуваат победниците од фајнл-фор турнирите од сите дивизии.

Втората опција во моментов е директен пласман да обезбеди само Ирска и победникот на посебен квалификациски турнир на земјите од Велика Британија, но такви нешто не им се допаѓа на Шкотска, Велс и Северна Ирска, бидејќи би биле големи аутсајдери против Англија.

Организаторот на Европското првенство во 2028-мата ќе биде познат на 10-ти октомври оваа година, а системот на квалификациите дури после одигрувањето на шампионатот во Германија, па УЕФА има доволно време да размисли кој ќе биде идеалниот квалификациски систем.

- Оглас -

Најнови вести