21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

УЕФА се заканила дека може да ја исфрли репрезентацијата од Европското пренство

Европската фудбалска федерација (УЕФА) подготвува драстична казна која може да значи дури и исфрлување на Турција од Европското првенство, тврди тамошниот новинар Махмуд Рзајев. Причина за ваквиот можен потег е нередот кој го направија навивачите на Трабзонспор и фудбалерите на Фенербахче, во дербито на турското првенство.

Рзајев се огласи на друштвената мрежа „Х“, каде напиша дека имал разговор со едно официјално лице на УЕФА, со кој разговарале околу тој инцидент. Наводно добил одговор како во УЕФА биле изненадени ако фудбалерите на Фенербахче бидат казнети поради инцидентот и тепачките со навивачите на Трабзонспор.

„Официјално лице на УЕФА нагласи дека е можно да биде подигната постапка, поради најавата дека фенербахче може да истапи од лигата. Ако се докаже дека политиката влијае на турската фудбалска федерација, ќе следуваат големи санкции“, стои во објавата на Рзајев, кој тврди дека Турција дури може да биде исфрлена и од Европското првенство кое летово ќе се игра во Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести