УЕФА си игра пинг-понг со финалето во ЛШ, има уште 19 дена и нов фаворит за домаќин

Вистински хаос се случува со изборот на градот домаќин за финалето во Лигата на шампионите, што сè уште официјално треба да се игра во Истанбул на 29 мај.

Но, поради ситуацијата со ковид-19 и зголемниот број заразени случаи во Турција, УЕФА интензивно бара алтернатива. Сега, според шпекулациите, Порто е во преден план и мечот за титулата меѓу Манчестер сити и Челзи можно е да се одигра на „Драгао“.

Англичаните најпрво го предложија Бирмингам како можен домаќин, но УЕФА би го прифатила само „Вембли“ во Лондон како локација за најголемиот клупски меч во Европа сезонава.

Британската Влада не сака да даде гаранцијата што ја бара УЕФА дека ќе има најмалку 22.500 гледачи и слободен проток на ВИП гости, навивачи, новинари, Бродкастери…

Проблемот со Истанбул што не се истакнува јавно не е само ковид-19, туку големата нетрпеливост меѓу англиските и турските навивачи. Во минатото имаше многу проблеми кога играа англиски и труски екипи, особено во Турција, па имаше и жртви.

Две англиски екипи во финале во Истанбул е ситуација за аларм, па УЕФА бара алтернатива. Порто и Португалија се идеални ако Англичаните сами не успеат да си го организираат финалето на „Вембли“.

Португалија нема забрана за Англичаните со ковид-19 како што има во други земји, па „Драгао“ полека избива во преден план и е сериозна опција за организатор на финалето на 29 мај.

 

- Оглас -

Најнови вести