Точно 30.000 среќници ќе имаат можност своите клубови во финалните дуели од клупските натпреварувања на УЕФА да ги следат во живо без да платат билет.
УЕФА објави дека ќе награди 30 илјади фанови со тоа што ќе им даде бесплатни билети и ќе им се заблагодари за поддршката во време на пандемија.
За финалето од Лигата на шампионите за мажи, двата клуба ќе добијат по 5.000 билети кои ќе им ги дадат бесплатно на своите навивачи.
За финалето во Лигата на Европа, двата финалисти ќе поделат по 4.000 бесплатни билети, а за финалето во Конференциската лига и за женската Лига на шампиони, по 3.000 навивачи од двата тима ќе добијат гратиси.
Од УЕФА информираат дека бесплатните билети мора да им бидат поделени на навивачи, а не на спонзори, партнери или вработени во клубовите.