УЕФА со драстични рестрикции пред квалификациите за ЛШ и ЛЕ: Коронавирусот може да донесе многу службени победи!

Во наредните две недели ќе се дознаат освојувачите во Лигата на шампиони и Лигата на Европа, а веднаш потоа ќе започнат и квалификациите за новата сезона. Коронавирусот е причина зошто уште не се знаат шампионите, а опасниот вирус може да биде главен во диктирањето на темпото за следната сезона.

Од УЕФА се очекува да биде објавена листа на познати рестрикции кога се работи за мечевите од двете клупски натпреварувања на европската федерација. Се работи за патувањата и забраните за влез на одредени земји наменети за граѓани на други земји.

МОЖНО Е ДА ИМА МНОГУ СЛУЖБЕНИ ПОБЕДИ ОД 3:0

Хипотетички може да има ситуација една држава да воведе рестрикции кон друга земја, а во ждрепката да се спојат клубови од тие две земји. Во тој случај автоматски има проблем за одигрување на мечот. На пример доколку еден клуб од Германија добие противник од Украина, а по извлекување на паровите Германија воведе забрана за влез на државјани од Украина, автоматски има проблем околу одигрување на дуелот.

Доколку тој меч не се одигра затоа што гостите не може да влезат во посочената земја, тогаш УЕФА автоматски го регистрира дуелот со службена победа од 3:0 за гостите и тие ќе се пласираат во следната рунда.

Доколку постои рестрикција за гостинските играчи да не може да влезат во земјата на домаќинот, тогаш домаќинот е должен да го одигра натпреварот на неутрален терен во друга држава. Доколку тоа не биде направено., гостите ќе победат службено со 3:0.

Ако се случи ситуација двата клуба да одбијат да играат или земјите да имаат воведено рестрикции и не може да се најде заедничко решение, тогаш двата клуба ќе бидат автоматски дисквалификувани.

АКО ИМА КЛУБ СО ЗАРАЗЕН ИГРАЧ МОЖЕ И СЛУЖБЕНО ДА ЗАГУБИ

Доколку се случи некоја екипа да пријави играч позитивен на Коронавирусот, мечот ќе се одложи, нормално ако има резервен термин за играње. Ако клубот кој пријавил заразени фудбалери, ако во составот има 12 негативни играчи на Коронавирусот и подготвен голман, средбата ќе се одигра.

Доколку не се пронајде резервен датум за одигрување на мечот, тогаш клубот кој пријавил заразени играчи, автоматски ќе загуби со 0:3.

Ако се случи некој од судиите да биде заразен, од УЕФА ќе се најде замена. Може да се случи дури и да има судија од земјата на домаќинот, па дури и тој да не биде на УЕФА судиската листа.

 

- Оглас -

Најнови вести