17.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

УЕФА го суспендираше Нејмар поради навредите напишани на Инстаграм

Нејмар ќе ги пропушти првите три меча од следната сезона во Лигата на шампиони, одлучи дисциплинската комисија на УЕФА. Бразилецот на својот Инстаграм профил ги навреди официјалните лица кои ја делеа правдата на дуелот во Париз меѓу ПСЖ и Манчестер јунајтед. Гостите победија со 3:1, а благодарение на пеналот кој го добија во 93 минута од мечот, го елиминираа големиот противник.

Нејмар сметаше дека немаше пенал за Манчестер јунајтед и на својот инстаграм профил напиша: „Ова е срамота. УЕФА се уште одбира луѓе кои немаат поима за фудбалот, а да ги гледаат ситуациите со ВАР технологијата на повторена снимка. Како може да е рака, кога раката е позади грбот? Ах, еб*те се“, пишуваше Нејмар на пораката која сега му донесе три меча суспензија.

 

- Оглас -

Најнови вести