19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

УЕФА со важни промени од новата сезона во нокаут фазата во Лига на шампиони!

Европската фудбалска куќа (УЕФА) направи важни промени во трите најсилни клупски натпреварувања кои ги организира секоја година, а тоа се Лига на шампиони, Лига на Европа и Конференцискат лига на УЕФА.

УЕФА од новата сезона 2025-26 го прекинува користењето на ждрепки за да се утврди кој тим го игра реваншот дома за време на нокаут фазата. Отсега, оваа предност ќе се стекне за време на лигашката фаза:

⁃ Првите два тима во генералниот пласман на крајот од лигашката фаза ќе имаат корист од играње на реваншот дома во секое коло, до финалето.

⁃ Тимовите рангирани на 3-то и 4-то место ќе го имаат реваншот дома во осминафиналето и четвртфиналето.

⁃ Тимовите рангирани помеѓу 5-то и 8-мо место ќе го играат реваншот од осминафиналето дома.

Доколку клуб елиминира тим од Топ 4 во осминафиналето, ќе ја наследи нивната предност за следните кола! Овој нов систем ќе важи и за Лигата на Европа и Лигата на конференцијата.

- Оглас -

Најнови вести