УЕФА стравува: Во групата на Македонија може да се одигра најсрамниот меч во историјата на ЕП!

По две одиграни кола во групата Ц во која е и Македонија, започнаа шпекулации дека е можно да бидеме сведоци на најсомнителниот меч во историјата на Европските првенства. Се работи за дуелот меѓу Украина и Австрија, двете селекции кои ја победија Македонија, но загубија од Холандија.

Во третото коло, овие две селекции влегуваат со по три бода и со евентуално освоен бод, ќе бидат сигурни патници во осминафиналето. Тоа значи дека нерешено е најверојатниот исход на Украина – Австрија.

Низ историјата на големите натпреварувања, еден од најсрамните мечеви го одигра токму Австрија. На Мундијалот во 1982 година, Австрија играше против Западна Германија, а победа на Панцерите со еден разлика, ќе значеше дека двете репрезентации ќе бидат дел од нокакут фазата. Така и беше. На крајот, Западна Германија победи со 1:0, а се радуваа и Австријците.

Еден од таквите мечеви е и тој од ЕП 2004 година кога Данска и Шведска одиграа 2:2, единствениот резултат кој им одговараше за двете да ја поминат групната фаза, а Италија тогаш извиси. Останува да се одигра третото коло во Ц групата и да видиме дали Украина и Австрија ќе калкулираат и ќе одиграат нерешено за радост на двете репрезентации.

 

- Оглас -

Најнови вести