УЕФА строго забрани внесување руски знамиња на мечот Романија – Украина

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе направи сè што е во нејзина моќ за да спречи внесување руски знамиња на трибините за време на денешниот натпревар меѓу Украина и Романија кој почнува во 15 часот.

Службениците за спроведување на законот добиле јасно инструкции за ова прашање и се бара да ги запрат обидите за внесување знамиња со руски симболи. Русија не игра на ЕП 2024, но има Руси со купени билети кои присуствуваат на мечевите во Германија.

Руското знаме беше забележано на трибините уште на првиот натпревар на Европското првенство, на дуелот на Германија против Шкотска. Синоќа имаше руски знамиња и меѓу српските навивачи на средбата со Англија.

На стадионите и во официјалните фан-зони дозволени се само знамиња на земјите кои се на ЕП. Целта е да се спротивставување на обидите за политизирање на турнирот, забранети се и знамињата на Израел и Палестина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести