Францускиот судија Руди Буке вечерва е најомразената фудбалска личност во Црна Гора, откако досуди непостоечки пенал за Бугарија во квалификацискиот меч во Софија, иако прекршокот беше направен на еден метар надвор од 16-никот.
После овој скандалозен момент, и директно влијаење врз конечниот резултат, се поставува прашањето дали УЕФА треба да воведе ВАР технологија и на средбите од квалификациите за ЕП 2020. Судијата Буке и без да гледа повторена снимка, мораше да види дека нема пенал во 82 минута, туку само слободен удар.
Бугарите од тој непостоешки пенал дадоа гол и изедначија на 1-1. Црногорците ќе се жалат, но мора да мислат и на дуелот со Англија кој им претстои за три дена, додека Бугарите ќе гостуваат кај Косово.