Барселона денеска ги дозна казните кои ги доби од страна на Комисијата за контрола, етика и дисциплина на УЕФА како резултат на она што се случи во и по реваншот од Лигата на шампионите на стадионот „Џузепе Меаца“ против Интер Милано.
Тренерот Ханси Флик е суспендиран на еден натпревар и нема да смее да седи на клуоата на Барса на првиот меч во следното издание на Лигата на шампионите поради кршење на општите принципи на однесување, а ќе плати и парична казна од 20.000 евра.
Казни, но благи, добија и Роберт Левандовски и Ламине Јамал. Тие се казнети за „непочитување на упатствата на службеникот за контрола на допинг од Антидопинг прописите на УЕФА“ и „непријавување веднаш на Пунктот за контрола на допинг“. Двајцата мора да платат казна од по 5.000 евра.
ФК Барселона мора да плати и 5.250 евра за фрлање предмети и 2.500 евра за палење огномет за време на истиот натпревар.