УЕФА удри по џебот на Турците за војничкиот поздрав

УЕФА ја казни турската фудбалска федерација со 50.000 евра и опомени 20 фудбалери за војничкиот поздрав за време на натпревари кои се одиграа во октомври годинава. Војничкото салутирање на Турците беше како поддршка за нивната армија која влезе во конфликт со Сирија, а европската фудбалска куќа не трпи вакви политички вмешувања.

Дури 16 репрезентативци се опоменети за неспортскиот поздрав, кој го направија во два наврати за време на квалификациските мечеви против Албанија и Франција за ЕП 2020.

Уште четворица играчи на Истанбул Басахшехир исто така добија опомена од УЕФА, за исти причини, а меѓу нив е и поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Манчестер сити, Робињо.

- Оглас -

Најнови вести