УЕФА „удри“ по малата Жирона, која може да остане без настап во Лигата на шампионите

На осум кола до крајот на првенството во Шпанија, екипата на Жирона е на сигурното трето место на табелата, веднаш зад најголемите шпански клубови Реал Мадрид и Барселона. Жирона има дури девет бода повеќе од петтопласираниот Атлетик Билбао, но и покрај тоа што на теренот блеска, може да се случи овој тим од Каталонија да остане без настап во Лигата на шампионите.

Европската фудбалска куќа (УЕФА) ги известила властите во Жирона дека користењето на привремената трибина на стадионот „Монтиливи“ не е дозволено кога се работи за настап во Лигата на шампионите. Најавено е дека ќе биде подигната нова трибина која ќе биде по европски стандарди.

Целата инвестиција треба да чини 20 милиони евра, а реновирањето треба да започне по последниот домашен меч на Жирона во оваа сезона и да биде завршена до септември.

Моментало стадионот „Монтиливи“ може да собере 14.400 гледачи, а последната реконструкција е пред две години.

 

- Оглас -

Најнови вести