УЕФА утре ќе донесе важна одлука!

УЕФА на утрешниот состанок ќе потврди дека Даблин нема да биде домаќин на мечеви од Европското првенство во фудбал. Руските медиуми објавуваат дека два меча од групната фаза кои требаше да се играат во Даблин, ќе се играат во Санкт Петербург, а мечот од четвртфиналето наместо во Даблин, ќе се игра во Лондон.

Во главниот град на Република Ирска требаше да се играат мечевите Полска – Словачка, Шведска – Словачка и Шведска – Полска, како и едно четвртфинале. Ирците не можат да гарантираат дека ќе има публика на мечевите на ЕП, па речиси сигурно ја губат организацијата на мечевите.

Полјаците освен тоа што ќе треба да играат во Русија, мечот со Шпанија нема да го играат во Билбао, туку во Севилја.

- Оглас -

Најнови вести