15.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

УЕФА веднаш тргна во контранапад, го промовира новиот лик на Лигата на шампионите (Фото)

На најавите за обновување на проектот на Суперлигата, во која ќе играат 10+10 клубови, а новиот проект веќе е претставен, веднаш реагираше и УЕФА со контранапад и со промоција на новиот лик на Лигата на шампионите од сезоната 2024/25.

Форматот ќе биде многу поинаков со учество на 36 клуба, четири повеќе од актуелниот систем на натпреварување.

Наместо групната фаза како што е сега, клубовите ќе играат по лига систем, најмалку со 10 натпревари, по 5 на домашен терен и пет на гости.

Тоа ќе донесе плус 100 натпревари повеќе од досега, а најдобрите 8 екипи автоматски ќе се пласираат за нокаут-фазата.

Клубовите што ќе бидат пласирани меѓу 9-то и 24-то место ќе играат плејоф-двомеча, а победниците ќе играат во осминафиналето.

[BTSport] The New Champions league Format starting from 2024-2025 season. from soccer

УЕФА ќе го зголеми и наградниот фонд за да ѝ парира на најавената Суперлига, која е приватен проект и во која ќе учествуваат 10 екипи во А Лига и уште толку во Б лига.

Екипите од Б Лигата ќе може да напредуваат во елитниот дел, додека најслабите од А лигата ќе испаѓаат во послабото натпреварување.

Се најавува сигурно учество на Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Милан, Интер, Атлетико Мадрид, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челзи во А сегментот, а сè уште не се знае кои 10 екипи би играле во послабиот Б сегмент.

 

 

- Оглас -

Најнови вести