УЕФА веќе нема трпение, го исфрли Тотенхем од Конференциската лига

Тотенхем е елиминиран од Конференциската лига на УЕФА и нема да го игра дуелот со Рен што еднаш веќе беше одложен поради ковид-19.

Спарс имаат многу проблеми и сега со пандемијата, а поради тоа што не можеа да играат на 9 декември, УЕФА одлучи Рен да оди понатаму, и тоа директно во осминафиналето како првопласирана екипа во Г групата.

УЕФА му додели службена победа на Рен со 3:0, со што Тотенхем заврши на третото место во Г групата.

По дефинитивната елиминација на Тотенхем, сега Витесе е втор и ќе игра во 1/16-финалето во Конференциската лига.

Холандскиот тим во првата нокаут-фаза од премиерното натпреварување на УЕФА ќе игра со Рапид Виена.

 

- Оглас -

Најнови вести