УЕФА во контранапад, го објави новиот формат на ЛШ од 2024 година со 36 тима!

УЕФА и официјално го објави новиот систем за натпреварување кој ќе стапи на сила во 2024 година. Извршниот одбор на УЕФА го одобри планот кој треба да стартува од сезоната 2024/2025, а со тој систем во Лигата на шампионите ќе играат 36 тима, наместо сегашните 32 и се укинува првата групна фаза. Наместо тоа, ќе има лига во која секој тим ќе игра 10 меча против 10 различни противници, со пет ривали дома, а против пет на гости. Потоа ќе следува нокаут-фаза која би тргнала од осминафинале.

Претседателот Александер Чеферин рече дека ЛШ ќе се игра со или без 12-те „клубови одметници“ и оние кои ќе им се приклучат во новоформираната Суперлига. Фудбалот ја проживува својата најголема криза, Суперлигата е закана за актуелната Лига на шампиони.

Измени ќе има и во Лигата на Европа (8 меча во првата фаза која ќе се игра во лига) и во Конференциската лига (6 меча во лигашкиот дел кој ќе биде прва фаза).

- Оглас -

Најнови вести