УЕФА забрани продажба на билети за гостински навивачи за дуелите на Динамо Загреб и АЕК Атина од квалификациите во Лигата на шампионите.
Од безбедносни причини, ниту на реваншот во Загреб ќе има Грци, ниту на трибините на стадионот во Атина на првиот дуел ќе има навивачи на Динамо.
Гостински фанови нема да има ниту на Панатинаикос – Марсеј, што значи дека во Атина ќе избегнат да се најдат истовремено четири незгодни навивачки групи, познати по предизвикување нереди. Дополнителен проблем е што навивачите на Динамо се збратимени со тие на Панатинаикос, а на АЕК со тие на Марсеј и инцидентите беа речиси загарантирани.