31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

УЕФА забрани странски судии да судат на мечеви во Грција

Европската куќа на фудбалот, УЕФА, објави дека им забранува на странските судии да делат правда на натпревари од грчкото фудбалско првенство. Причина за ова се зачестените инциденти кај нашиот јужен сосед и нападите кон официјалните лица.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, за одлуката лично го информирал првиот човек на Грчката фудбалска асоцијација, Панајотис Балтакос.

Во Грција имаше традиција големите дербија да бидат судени од меѓународни судии, но тоа нема да продолжи.

- Оглас -

Најнови вести