Шпанија може да остане без настап на ЕП 2024, а Реал и Барса без ЛШ?

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) објавија соопштение во врска со мешањето на Владата во работите на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).

Шпанската влада одлучи да формира специјална комисија за следење на функционирањето на РФЕФ. Според весникот „Марка“, како најдрастична мерка за мешањето на политиката во Фудбалската федерација е тоа што УЕФА и ФИФА може да ги суспендираат шпанските клубови и репрезентации од меѓународни турнири.

„ФИФА и УЕФА внимателно ја следат ситуацијата околу РФЕФ со голема загриженост. Ќе побараме дополнителни информации за да се проценат степенот до кој назначувањето на таканаречената „Комисија за надзор, нормализација и застапување“ може да влијае на посветеноста на РФЕФ да управува со своите работи независно и без непотребно мешање на владата“, соопшти УЕФА.

РФЕФ нема претседател, Луис Рубијалес е суспендиран на три години поради сексистичкиот скандал по завршувањето на финалето на женското СП.

- Оглас -

Најнови вести