УЕФА жестоко ги казни Унгарците поради навредите кон ЛГБТ заедницата

Европската фудбалска федерација (УЕФА) не им прости на Унгарците поради хомофобичните пораки кои за време на Европското првенство ги истакнуваа нивните навивачи. УЕФА подигна истрага поради истакнатиот транспарент кој беше против ЛГБТ заедницата, на дуелот против Германија.

На транспарентот кој беше спорен според УЕФА, пишуваше „ЛГБТ – не благодарам“, а навивачите од трибините скандираа и песни против ЛГБТ заедницата.

УЕФА реши да ги казни Унгарците со три меча играње без публика и парична казна од 100.000 евра. Третиот меч ќе биде условен и ќе биде активирана ако се повторат истите испади на трибините.

- Оглас -

Најнови вести