УЕФА жестоко го казни Косово поради испадите на навивачите на дуелот против Романија

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) заработи парична казна од 61.000 евра од Европската фудбалска федерација. Причина за оваа казна за инцидентите кои се случија за време на дуелот од Лигата на нациите на кој Романија минатиот месец победи убедливо со 3:0 во Приштина.

Мечот на стадионот „Фадил Вокри“ неколку пати беше прекинуван откако навивачите палеа и на терен фрлаа факли, имаше и такви кои влегоа на теренот, а беше исвиркана и романската химна пред почетокот.

Нетрпението меѓу Косово и Романија трае уште од квалификациите за ЕП 2024 година. Тогаш, на дуел одигран во Букурешт во 2023 година, УЕФА ја санкционира Романската фудбалска федерација поради испадите на фановите. Тогаш мечот беше во прекин цели 50 минути откако од трибините на стадионот во Букурешт се слушаше скандирање „Србија, Србија“, а беше истакнат и транспарент на кој пишуваше: „Косово е Србија“.

Косово објави независност од Србија во 2008 година и е признато како независна држава од повеќе од 100 земји во светот, но не и од Романија.

- Оглас -

Најнови вести