Дисциплинската комисија на УЕФА и официјално се произнесе за скандалозното однесување на фудбалерите на Реал Мадрид, против градскиот ривал Атлетико во Лигата на шампионите.
Антонио Ридигер за гестикулациите кон публликата е казнет со 40.000 евра, Килијан Мбапе за провоцирање заработи казна од 30.000 евра, додека Себаљос е казнет со 20.000 евра поради провокативно однесување при напуштање на теренот.
Тројцата заработија и условна казна од еден натпревар, доколку го повторат прекршокот.
На удар на УЕФА се најдоа и навивачите на Реал Мадрид, па „кралевите“ ќе треба да платат парична казна од 15.000 евра поради нивното однесување на гостувањето кај Арсенал. Истовремено, Реал Мадрид доби и условна казна, па доколку се повтори ваквото однесување на нивните навивачи, ќе бидат казнети со забрана за продавање на билети за гостинските натпревари.