Уф, 3.000 евра како утешна добивка што не стана милионер само со 20 денари

Нема играч во обложувалница кој немал тикет на кој било „само една ме зезна“ за добивка. Еден играч во Битола за тој еден пар не успеа да стане милионер во Sport Life, но сепак не е без добивка. Неверојатен тикет со 12 меча одиграни на голови, и тоа на репрезентативни дуели.

Делува нестварно, но само со 20 вложени денари, човекот кој слободно може да се нарече и експерт за мечевите на репрезентациите составил тикет за ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ. Тикетот е во систем 11 од 12. Претпазливоста да одигра систем сепак му носи убава добивка бидејќи за 11 погодени парови, добивката е 182.808 денари.

МАРОКО – НИГЕР Е „КОЧНИЦА“ ДА НЕ БИДАТ ИСПЛАТЕНИ МИЛИОН ДЕНАРИ

На тикетот се мечевите од квалификациите за ЕП 2020: Албанија – Исланд 4+ (4:2), Англија – Косово 4+ (5:3), Франција – Андора 0-4 гола (3:0), Литванија – Португалија 5+ (1:5), Луксембург – Србија 4+ (1:3), Молдавија – Турција 4+ (0:4), Црна Гора – Чешка 2&2-3 (0:2), како и неколку пријателски средби кои ги има одиграно 3+.

Единствено промашување е дуелот меѓу Мароко и Нигер. Само на овој меч немало три гола, како што очекувал играчот во Sport Life. Мароко даде гол во 22-рата минута, но тоа беше и единствен погодок на мечот. Ако ја погодеше и Мароко, добивката ќе беше ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ, но и во овој случај одлична е заработката од 3.000 евра за вложени само 20 денари.

И ВО СТРУМИЦА СО СИТНО ВЛОЖУВАЊЕ, ДО КРУПНА ДОБИВКА, ЗАЧИНЕТА СО ФИБОНАЧИ БОНУС

Девет погодени од девет меча има на тикет во Струмица, а повторно во прашање се репрезентативни дуели. Голови, и тоа многу голови, во комбинација со победи на фаворитите е добитната формула на овој тикет. Затоа вложените 30 денари, сега се претворени во добивка од 91.114 денари, благодарение и на Фибоначи бонусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести