Во пресрет на стартот на новата сезона во четирите најсилни лиги во Европа, голем дел од екипите ги играат последните контролни мечеви. Од многуте мечеви кои се играат, најпривлечен секако е тој на двата најтрофејни клубови во Лигата на шампиони, Реал Мадрид и Милан.
Кралскиот клуб со 13 европски титули е најтрофеен клуб, а Милан е втор на оваа вечна листа со седум трофеи. Мечот се игра на неутрален терен во Клагенфурт и двајцата тренери ќе пробаат нови тактики во пресрет на стартот на сезоната.
Ќе биде интересно и на „Камп Ноу“ каде Барселона го пречекува Јувентус во меч од Жоан Гампер купот. Во Англија ќе биде најинтересно во Лондон каде ќе играат градските ривали Тотенхем и Арсенал. Ливерпул ќе тестира со Атлетик Билбао, а Феенорд против Атлетико Мадрид.
Италијанскиот првак ќе игра против второлигашот Парма, а Наполи на Елиф Елмас е голем фаворит против Асколи.