Непромислен потег на еден од судиите на натпреварувањето во трки со велосипеди „BMX“ на ЛОИ во Токио можеше скапо да го чини и него и холандскиот тркач Ник Киман.
Среде трка, судијата од непознати причини преминуваше преку патеката, но тоа го стори во момент кога натпреварувачите поминуваа од тој дел, па Киман не можеше да го избегне судирот, по што двајцата се најдоа на земја.
Судијата мина полошо, но и тој мина без посериозни повреди. Киман има отечено колено, но верува дека ќе може да настапи в четврток.
https://twitter.com/i/status/1419635120261124104