УФЦ борбите не се одложуваат, туку се бараат нови локации, а една идеја ќе ве насмее до солзи (фото)

Пандемијата со Коронавирусот тотално го блокира Њујорк, по што се забранети сите спортски настани и масовни собири. Познато е дека НБА, НХЛ и сите останати лиги во САД се прекинати на одреден период, но УФЦ засега не планира да ги откаже борбите, туку се бараат нови локации за тие да се одржат.

Една од главните борби е меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, која требаше да се одржи во Бруклин на 18 април, меѓутоа овој регион на Њујорк е најпогоден од Коронавирусот. Има доста идеи каде што би се одржал спектаклот, наводно Дубаи е најдобра дестинација, но засега нема ништо конкретно.

Во меѓувреме, претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, ја искористи приликата да внесе малку хумор во овој кризен период, па на „Твитер“ објави фотографија дека е најдено место каде што Хабиб и Тони ќе се борат.

„Во живо на 18 април, директно од површината на месечината“, е најавата, а Вајт напиша сите да се подготват за галактичкиот спектакл.

- Оглас -

Најнови вести