УФЦ борец му се закани на Леброн: Ќе го избришам подот со него!

Познатиот ММА борец и поддржувач на досегашниот американски претседател Доналд Трамп, Колби Ковингтон, се насладува на поразот на екскошаркарот Нејт Робинсон, кој беше нокаутиран од јутјуберот Џејк Пол. Ковингтон смета дека НБА-играчите се најмеки спортисти бидејќи се привилегирани и рече дека кога би добил шанса да се бори со Леброн Џејмс (жесток критичар на Трамп), би го претепал.

„Слушнав дека телото на Нејт Робинсон конечно го одлепиле од подот на „Стејплс центарот“. Јас би го натерал Леброн да го бакне подот за пократко време отколку што тоа му се случи на Робинсон. Сите знаат дека денешните НБА-играчи се најмеки и најпривилегирани спортисти на светот“, провоцира Ковингтон, кој во септември за Леброн Џејмс рече дека е кукавица без ‘рбет, и лажен „освестен“ спортист.

- Оглас -

Најнови вести