Франсис Нгану е новиот шампион на УФЦ во тешка категорија, откако ноќеска во Лас Вегас камерунската ѕверка го нокаутираше Стипе Миочиќ по две рунди.
Популарниот Предатор доминираше од самиот почеток на борбата, додека неговиот противник трпеше удари колку што можеше, пред да се најде на подот по тешкиот нокаут, откако Нгану со два директни удари со левата рака го урна Хрватот.
За Нгану ова е 16-та победа во 19 борби во кариерата, односно 12-та со нокаут, a инаку испиша историја како прв африкански борец кој освои појас во УФЦ.