Хабиб Нурмагомедов изминатиов викенд го врати шампионскиот појас во лесна категорија во УФЦ со победата над Џастин Гејџи, по што потврди дека се повлекува од професионалното борење. Со перфектер учинок од 29-0, Нурмагомедов се прости од големата сцена, а УФЦ му ја исполни последната желба поради која почна неговиот неприкосновен поход во мешаните боречки вештини.
Популарниот Орел од денес е прв на листата најдобри борци во УФЦ, преземајќи го врвот од Џон Џоунс. Хабиб по исполнетата животна желба, се огласи на „Инстаграм“:
„Ова е моето животно дело. Ништо не добив лесно, ниту пак ми беше дадено затоа што сум добар човек. Напорната работа, надежта во Алах и трпението, се трите елементи кои ми помогнаа да бидам успешен и, секако, помошта од мојот татко, кој вложи многу време и труд во мене“.