Борбата за светски првак во УФЦ во лесна категорија меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон и дефинитивно нема да се одржи во предвидениот термин. Поради затворените државни граници и пандемијата со Коронавирусот, Нурмагомедов не може да допатува во САД, каде што требаше да биде и борбата. Ова е дури петти пат да биде одложена борбата меѓу овие двајца борци.
Челниците на УФЦ сепак најдоа решение и ќе има борба, и тоа меѓу Фергусон и Џастин Гејџи. Овие двајца фајтери ќе се борат за привремената титула, која инаку е во соспственост на непобедливиот Нурмагомедов.
Борбата е договорена за 18 април, но засега останува енигма местото на одржување. Њујорк и Лас Вегас одбија да бидат домаќини на настанот кој сигурно ќе биде без присуство на публика.
Фергусон веќе еднаш бил провремен светски првак и сега ќе ја брка 12-тата победа во низа, додека Гејџи се надева дека ќе стигне до третата победа по ред.
The fight is signed and is 100% ON LIVE on ESPN somewhere on EARTH!!!! 😃@TonyFergusonXT vs @Justin_Gaethje is LIVE on @espn+ PPV April 18th for the interim lightweight belt! pic.twitter.com/aH44zg5K30
— danawhite (@danawhite) April 6, 2020