Поранешниот УФЦ шампион, Кејн Веласкез, е во притвор поради обид за убиство.
Веласкез во градот Морган Хил во Калифорнија се обидел да го убие осомничениот човек којшто се товари за силување на неговата ќерка која оди во градинка.
Осомничениот во петокот бил ослободен од судот во Калифорнија, а Веласкез сакаше да ја земе правдата во своите раце. Тој пукал во возилото во кое се наоѓал осомничениот заедно со неговиот татко а испукал три куршуми.
Тој се товари за обид за убиство и во моментов е во притвор. Веласкез се смета за еден од најголемите борци во УФЦ, а во својата кариера има скор од 14 победи и три порази.