Угледниот „Гардијан“ го испофали Алиоски: Опасната десетка на Лидс доаѓаше од некоја паралелна димензија

Езџан Алиоски играше нешто повеќе од еден час фудбал на „Емирејтс“ против големиот Арсенал во ФА купот, а и за шеесеттина минути игра потврди дека е во топ-форма и собра многу комплименти.

Реномираниот британски медиум „Гардијан“ го испофали нашиот репрезентативец, кој навистина доминираше на левата бочна позиција, особено во првото полувреме.

„Десетката на Лидс, Езџан Алиоски постојано и создаваше проблеми на одбраната на Арсенал. Како да доаѓаше од паралелен универзум, или да го спуштаа од покривот на стадионот. Како дух, неприметно, постојано беше со топката и опасен по голот на Арсенал“, пишуваат новинарите на угледниот „Гардијан“.

Алиоски имаше и два зрели шанси за гол, но не успеа да погоди. Еднаш биеше за малку крај голот на домаќините, а потоа Мартинес му одбрани со одлична парада.

Martinez (Arsenal) save on Alioski (Leeds) from soccer

Сепак впечатокот што го остави на „Емирејтс“ е посебно важен и вреди многу за Алиоски, бидејќи се работи за Лондон и за гигантот Арсенал. Топчиите на крајот со многу мака победија со 1:0 и се пласираа во следната рунда во ФА купот, но Алиоски и Лидс ги собраа симпатиите.

„Нема дилеми дека Лидс ќе биде премиерлигаш следната сезона, а со ваква игра и фудбалери како Алиоски ќе бидат вистински украс за англиското првенство“ додаваат колегите од „Гардијан“.

Алиоски игра нова прекрасна сезона за Лидс и досега во Чемпионшип постигна пет гола и има две асистенции за тимот што го дели врвот со Вест Брпмвич Албион.

- Оглас -

Најнови вести