Повеќе од седум години сметката на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, е блокирана, но утре треба тоа да се смени. Според најавите од челниците на Вардар е дека Управата за јавни приходи утре и официјално ќе ја одблокира. Се рабои за долг од три милиони евра, кој е договорено да се испаќа на 36 рати, а дадена е и гаранција со недвижен имот.
Заслужни за одблокирање на сметката има и кај Горан Попов, Гоце Седлоски, Бени Демир… кои се сложија за репрограмирање на долгот кој клубот го има кон нив.
Како што е најавено, во следните неколку месеци, во клубот ќе има сериозни приливи на финансиски средства и Вардар како клуб ќе може без проблеми да го сервисира долгот на месечно ниво и по неколку години блокада, да се овозможи нормални функционирање на клубот.
Планот на челните луѓе во клубот е во следниот период да изнесува три милиони евра. Во овие средства ќе бидат и финансиите кои треба да се издвојат и за месечните рати за исплатување на долгот кон УЈП.
Се очекува нови поддржувачи во клубот да бидат неколку странски фирми и буџетот на Вардар да биде стабилен за нормално функционирање на најтрофејниот клуб во Македонија.