Новак Ѓоковиќ годинава ќе учествува на Отвореното првенство на САД откако властите во САД ја укинаа последната пречка за влез за невакцинираниот Србин во нивната земја.
Од 12 мај во САД смее да влезат и лица кои не примиле ниту една доза од вакцината против ковид-19, па така нема проблем околу учеството на Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД во август. Со ова се зголемуваат шансите Ѓоковиќ до крајот на годинава да биде тенисер со најмногу освоени гренслем-титули во историјата.
Ѓоковиќ на терените на Флешинг медоус во Њујорк има освоено три титули, последната во 2018 година, а има уште шест финалиња, последен пат во 2021, кога загуби од Данил Медведев.