Украина е доказ дека Македонија беше во пеколна група, Грција во Тбилиси сака да го повтори успехот на Пандев и другарите

Само уште три натпревари остануваат за да се откријат сите енигми кога се работи за селекциите кои ќе бидат дел од Европското првенство кое летово ќе се игра во Германија. Грузија во Тбилиси е домаќин на Грција, Украина игра против Исланд, а Велс и Полска ќе бијат фудбалска битка за место на континенталниот собир.

Грузија веќе има искуство кога се работи за ваков бараж, но тоа е горко искуство. Пред три години, Грузија во Тбилиси играше против Македонија во финалето на баражот за пласман на ЕП, а Горан Пандев и другарите победија со 1:0 и ја шокираа Грузија, која остана без место на завршницата. Сега Грузија за ривал ја има Грција, против која нема ниту една победа (две ремија и дури шест порази).

Украина, која во квалификациите беше во група со Македонија, на неутрален терен во Вроцлац е домаќин на Исланд и според прогнозите, е голем фаворит за победа. Украина заврши на третото место во квалификациите зад некогашните светски прваци Англија и Италија, што значи дека од оваа група се очекува да има три селекции кои ќе бидат дел на ЕП.

Велс нема пораз на последните седум меча, а Полска е без пораз на пет средби по ред, па ќе биде интересно да се види која селекција на крајот ќе се радува на пласман на ЕП 2024.

- Оглас -

Најнови вести